Радио Милева
неописливи убавини

Огнен Здравковски стопен од среќа: Пејачот на заучување за татковство- глетка што му носи љубов до секоја клетка (фото)

Огнен Здравковски стопен од среќа: Пејачот на заучување за татковство- глетка што му носи љубов до секоја клетка (фото)

Популарноста на младиот пејач Огнен Здравковски дополнително се активираше по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ и тоа што беше меѓу финалистите, редовно вади нови песни, активен е со настапи или едноставно кажано секогаш е во акција кога е музичката кариера во прашање.

Оттука, новитетите по однос на музика очекувано се дел од објавитена неговите профили од социјалните мрежи, па секогаш има нешто ново да каже и покаже.

Но, пред два месеци му се случи и нешто големо на приватен план – стана вујко.

Неговата сестра Оле Здравковска или по ново Шундиќ му го роди првото внуче кое сега е фокусот на целото семејство, а вујче Огнец е стопен од радост, среќа и неизмерна љубов која ја спознале само искусните.

На вујче очигледно му оди со бебиња, па малиот Алекса ја чувствува енергијата која му е пратена и кротко си заспива на градните кај вујко.

Преку неколу фотографии гордиот Огнен сакаше да покаже колку е близок со наследникот, но и тоа дека наполнил два месеци.

Внуците се одлична прилика за заучување пред родителството за тетките, чичковците, вујковците, стрините, а Оги ја има токму таа привилегија која очигледно го топи од убаво.

фото:Фејсбук/огнен Здравковски

Останати вести од Радио Милева