Пејачот Огнен Здравкоски со емотивна пораки се обрати по повод 55-иот роденден на неговиот починат вујко, виолинист, музичар и професор Зоран Џорлев
Имено, Огнен на својот „Фејсбук“ објави статус и напиша емотивна порака.
-Денес требаше да го прославиме твојот 55-ти роденден… Како летна една година, како вчера да се случи се… И сам не сум свесен колку премногу ми фалиш, а и тек допрва колку ќе фалиш… Среќен роденден најмил мој, мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ И ЗАСЕКОГАШ!!!, напиша Здравкоски покрај фотографијата на која е со Џорлев.
За потсетување, Зоран Џорлев почина на почетокот на претходната година како последица од коронавирусот.
Џорлев беше заразен со коронавирус и се лекуваше на инфективната клиника во Скопје. Неговата состојба била стабилна, но се откачил тромб и ја изгуби битката со короната.
Инаку, Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти, почитуван меѓу колегите од музичката фела. Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството.
Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.
фото: фесјбук/инстаграм/огнен здравкоски