Радио Милева

Огнен Здравковски се враќа во „Ѕвездите на Гранд“ ама… „Овој пат ќе биде сосема поинаку“

Огнен Здравковски се враќа во „Ѕвездите на Гранд“ ама… „Овој пат ќе биде сосема поинаку“

Можеби на крајот од последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, немавме претставник од македонија во финале, но затоа со почетокот на новата сезона веќе е јасно дека ќе имаме неколку македонски кандидати.

Имено, завчера преку социјалните мрежи младиот талент Стефан Величковски објави дека добил повик од „Гранд“ продукција за повторно да се најде меѓу натпреварувачите од регионот.

Дека повикот кон Македонија не бил само на едно место, потврди и младиот и надежен пејач Огнен Недолковски кој на својот Фејсбук напиша:

-Вчера добив повик од Србија од Гранд Продукција за повторно учество во шоуто, па здравје од септември се гледаме повторно пред малите екрани, но овој пат идеме скроз поинаку од сега…!!!

Минатата сезона не и заврши со посакуваното, но се надеваме дека оваа 2018/19 дека ќе стигнат до финале, ако не и до победа како што му успеа на Ристе Ристески.

To top