Промотер

Огнен Здравковски покажа дека душата се храни со – „Душа“ (ВИДЕО)

Огнен Здравковски покажа дека душата се храни со – „Душа“ (ВИДЕО)

Душа“ е насловот на најновото музичко издание на младиот пејач Огнен Здравковски. Песната е на српски јазик, а исто така и видеоспотот за песната се снимаше во српската престолнина. За ова ново музичко остварување Огнен ја избра една од најдобрата екипа во моментов во регионот.

Музиката и аранжманот се дело на познатиот Саша Николиќ, кој соработува со многу српски ѕвезди, особено со Марија Шерифовиќ, додека пак текстот е дело на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која познатиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ.

Како што кажавме, екранизацијата за оваа прекрасна балада се одвиваше во Белград, а режијата ја потпишува познатиот македонски уметнички фотограф и режисер, Зоран Зонде Стојановски.

Покрај Огнен, во спотот се појавува и преубавата српска манекенка Невена Гичевиќ, која важи за една од најубавите девојки во Србија. Се снимаше на повеќе локации во Белград, а дел од видеоспотот е снимен во познатиот ресторан „Ритуал“, чиј сопственик е музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ, кој пак е многу близок пријател со нашиот Огнен.

“Презадоволен сум од целиот проект. Навистина ја работевме долго време песната со Саша Николиќ, но сметам дека се исплатеше. Исто така морам да го пофалам и Зонде кој направи одлично видео. Сега останува на публиката да си го каже своето, но сигурен сум дека ќе им се допадне“ – вели Здравковски.

Инаку песната и видеото вчера беа премиерно објавени на јутјуб-каналот на „Гранд“, а во наредниот период таа ќе биде и лично промовирана од Огнен во емисиите на оваа позната продукција. Погледнете и уживајте: