Промотер

Огнен Здравковски по „Гранд“, тргна да го освојува регионот со – „Извини“ (ВИДЕО)

Огнен Здравковски по „Гранд“, тргна да го освојува регионот со – „Извини“ (ВИДЕО)

Минатогодишниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“, македонскиот пејач Огнен Здравковски откако виде дека може да се носи со врсниците од регион алната естрада, реши да си ја проба среќата во освојување на регионот.

Неговиот музички „поход“ сепак почнува од Македонија каде иако испеана на српски јазик, автори на неговата нова песна се братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, од чија фабрика за хитови излегува и оваа песна.

Покрај авторството Лазар и Магдалена ги пеат и придружните вокали, а хитмејкерот го потпишува уште и аранжманот, а стои и зад продукцијата, миксот и мастерингот на песната која е снимена во неговото „ЛЦВ студио“.

Музички – отприлика она што комерцијалниот пазар во регионот го бара… Лесно прифатлив поп со балкански „шмек“ и мирис на дискретно спакуван „фолк“. Предиспозиции да стане хит, во зависност од тоа колку ќе го вртат радијата и телевизиите и каков ќе биде маркетингот, кој е добро познато дека на север од Македонија – не е „гратис“!

Во темата „Извини“ виолините ги свири сестрата на Огнен, Олгица Здравковска која исто така како и тој е академски музичар, а обајцата се потомоци од легендарното македонско музичко семејтво Џорлеви.

Песната ја следи визуелизацијата преку спотот на режисерот Гордан Божиновски од „God Eye Production“, чија видеоприказна сосема солидно кореспондира со приказната во стиховите, иако е евидентно дека не се работи за високобуџетен спот.

Во видеото партнерка на Огнен му е моделот Ана Коцевска. Како сето тоа изгледа и звучи, проследете од видеото за „Извини“ во продолжение:

To top