Оваа година поради пандемијата со коронавирусот беше стопирнао и снимањето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, па една сезона наместо неколку месеци, ќе трае речиси две години.
Во саботно издание на музичкото шоу се натпреваруваа кандидати од екс Југославија, а меѓу нив и доста македонски претставници.
Некои од нив поминаа во наредниот круг, а некои испаднаа, па својата среќа ќе може да си ја пробат во некоја следна друга прилика.
Македонскиот млад пејач Огнен Здравкоски кој исто така беше дел од „Ѕвездите на Гранд“ каде што стигна и до финалето, на својот „Инстаграм“ откри кои се неговите фаворити во овагодинешната сезона.
View this post on Instagram
„Досега не сум споделил и не сум искажал јавно кој ми е фаворит од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“. А многу од вас ме прашаа. И многу пати го поставуваат тоа прашање по интервјуа..
Двајца од нив ми се фаворити и им ја давам целата поддршка. Сега го споделувам тоа јавно со сите вас“, пишува Здравкоски и откри кои се неговите фаворити.
„Александар Јосифовски – гази брате и со среќа до финале“
„И вториот е Мите Стоилков – мојот брат е кандидат за победа. Со среќа и гази до крај“ , напиша тој во кусите приказни на „Инстаграм“.
Дали овие момци ќе стигнат до финале, а дали и некој од нив можеби ќе однесе победа, останува да почекаме до јуни, јули следната година.