Огњен искрено зборуваше за своите желби за иднината.
Водителот Огњен Амиџиќ со месеци ужива во хармонична врска со колешката Мина Наумовиќ, со која, се чини, би сакал да основа семејство.
Многумина заклучија дека Огњен е подготвен на тој чекор откако тој, одговарајќи на прашањата на своите фанови на Инстаграм, откри дека би сакал да има ќерка.
– Искрено, би сакал да имам ќерка, мислам дека тоа е нешто што навистина ми недостасува. Тоа ќе ме направи целосно среќен, ќе внесе нова димензија на сè – изјави Огњен во својата Инстаграм стори.
Водителот, инаку, не крие колку е среќен покрај Мина. Тие често објавуваат заеднички слики, а не им е непознато и патувањето и дружењето, па често објавуваат детали на Инстаграм.
-Поинтересно и поубаво е кога работиме заедно. Добро работиме и се надополнуваме, таа ми дава добри идеи и е многу креативна. Мислам дека следната сезона ќе покаже колку е креативна – изјави неодамна Огњен.
Да потсетиме, Огњен го има синот Матеја од бракот со манекенката Данијела Димитровска.