Радио Милева сериозни планови

Огњен Амиџиќ ќе се жени: Популарниот водител подготвен за трет брак со убавата Мина (фото) 

Огњен Амиџиќ ќе се жени: Популарниот водител подготвен за трет брак со убавата Мина (фото) 

Водителот Огњен Амиџиќ со месеци ужива во хармонична врска со неговата колешка Мина Наумовиќ, а како што пренесува „Стар“, тој ги запознал нејзините родители и е подготвен за следниот чекор.

Според пишувањата, тој им рекол на нејзините родители дека има сериозни планови со Мина.

– Амиџиќ и Мина одлично се согласуваат и во август ќе слават една година како се заедно. Тие почнаа да живеат заедно во декември и се оди во сериозна насока. Меѓутоа, бидејќи Мина е од Нови Сад, Огњен немал претходно можност да се запознае со нејзиното семејство, но успеал тоа да го направи неодамна. Тие се воодушевени од него, најважно им е што Мина е среќна. Сѐ уште не се договориле за официјален датум, но разговарале за поинтимна свадба, па ја искористиле приликата и му соопштиле на семејството на Мина дека најверојатно ќе се венчаат во октомври, вели извор близок до водителот за „ Стар”.

За Огњен ова би бил трет брак. Водителот пред неколку месеци официјално соопшти дека се разведе од манекенката Данијела Димитровска, а претходно две години беше во брак со поранешната колешка Милица Марковиќ, која тогаш работеше во ТВ Пинк.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Немања Николиќ

To top