Водителот Огњен Амиџиќ ужива во врска со 17 години помладата колешка Мина Наумовиќ, а сега се пошегува на нејзнина сметка во својата емисија кога го виде минијатурното бикини кое Мина го доби на подарок.
Имено, старлетата Тијана Ајфон на новата девојка на Огњен и подарила провокативен костим за капење, а Амиџиќ веднаш го отворил подарокот за да види што добила Наумовиќ.
– Мина може да проба подоцна. Ме интересира што доби Мина, дали може да го облече – рекол Огњен при отворањето на подарокот, а кога видел за каков костим станува збор, ги насмеал сите:
– Многу убав. Може да го носи, но дома. Да не излегува во јавност и да не се слика за Инстаграм, кажа тој и ги насмеа сите.
фото:Принтскрин/Пинк/Јутјуб/Информер.рс