Радио Милева По Кајли сега и таа

Официјално стана милијардерка : „Форбс“ уште една Кардашијанка прогласи за најбогата – еве колку „тежи“ Ким

Официјално стана милијардерка : „Форбс“ уште една Кардашијанка прогласи за најбогата – еве колку „тежи“ Ким

„Форбс“објави годишна листа на светски милијардери, а првпат на оваа листа се најде и славната Ким Кардашијан. Тие пишуваат и дека нејзините козметички компании „ККВ бјути“ и „Скимс“ ѝ помогнале да се најде на оваа престижна листа.

„ККВ бјути“ Ким ја отвори во 2017-та година, а компанијата „Коти“ ја купила минатата година за 20 проценти удел во нејзината козметичка линија, со договор за кој се проценува дека бил ‘тежок’ околу милијарда долари. Од „Форбс“ велат дека нејзиниот дел од компанијата сега вреди околу 500 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Тие наведуваат и дека Ким има удел и во многу други приватни компании и иако точната сума не ја објавиле, близок извор тврди дека е тешка повеќе од милијарда долари. Кардашијанката има и други инвестиции, вклучувајќи и многу недвижнини, а потпишала договор и со стриминг сервисот „Хула“. Се разбира, не треба да се заборави и дека на Инстаграм ја следат повеќе од 213 милиони корисници.

Ова не е првпат магазинот „Форбс“ да пишува за семејството Кардашијан. Минатата година Кајли Џенер ја прогласија за најмлада милијардерка, која профитот го остварила со основање на својата компанија, но подоцна ѝ ја ‘земале’ титулата.

To top