Ова годинешното издание на „Евровизија“ ќе се одржи во Тел Авив, Израел.
Претставниците на државите – учеснички неколку дена во се Тел Авиви каде што веќе се финилизираат подготовките за нивното претставување.
Тие деновите ги поминуваат во давање на интервјуа, пресови, проби, дружење…
Сношти и официјално беше отворено 64-то издание на Евровизија, а претставниците се појавија на портаколовиот килим.
Македонската претставничка Тамара Тодевска со својот тим се појави на свеченото отварање на Евровивизија.
Во црна креација на Александар Ношпил и со минијатурна шминка Тодевска се појави на килимот.
„Proud e за секого, не само за мојата ќерка“ истакна Тодевска при пристигнувањето на портокаловиот килим.
За потсетување, Тамара ќе настапи на втората полуфинална вечер која ќе се одржи во четврток (16 мај), а како што истакна неколку пати досега таа вечер ќе пее за нејзината ќерка Хана.
Oстанува да видиме како Тодевска ќе се претстави во четврток и да посакаме среќа, како и влез во финале.