Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ и Богдана следната година ќе станат родители на нивното прво дете.
Овие радосни вести го потврдија семејството Ражнатовиќ и открија дека премногу се радуваат за приновата.
Иако Вељко ја запроси Богдана пред неколку месеци и се најавуваше дека свадбата ќе биде следната година, сепак не е така.
Како што пишува ало.рс, Богдана и Вељко своето судбоносно „да“ ќе го изговорат многу бргу.
Имено, свадбата е закажана за 24 ноември во еден луксузен хотел.
„На прославата ќе присуствуваат голем број пријатели на семејството Ражнатовиќ и Родиќ, а сите ќе се веселат на прославата која ќе биде организирана во име на нивната голема љубов“ вели извор добро упатен во целата ситуација.