Радио Милева

Одиме на победа: Ова се македонските финалисти во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Одиме на победа: Ова се македонските финалисти во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Полека, но сигурно големото регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, доаѓа до највозбудливиот дел – супер финале!

Во оваа сезона гледачите имаа прилика да видат доста македонски кандидати кои успешно стигнаа до последните кругови пред финалето, но само дел од нив, односно најталентираните според жирито, успеаја да се изборат со силната конкуренција и да се пофалат дека успеале да се пласираат меѓу најдобрите.

Имено, деновиве на своите профили на социјалните мрежи, се пофалија Огнен Здравковски од Скопје и Мартинијан Кириловски од Куманово.

фото:фејсбук/огнен здравковки

Ќе бидам краток и само ќе кажам, драги мои финале! Не можам уште да верувам… Марија Шерифовиќ те сакам! – пишува Огнен на својот Фејсбук.

Со истата убава вест на своите поддржувачи им се пофали и Мартинијан Кириловски кој е под менторство на Јелена Карлеуша.

Одиме го големото супер финале, соопшти Мартинијан, а во прилог објави фотографија на која е меѓу четири секси девојки во долна облека и бела кошула кои претпоставуваме ќе го придружуваат на сцената.

Нема сомнеж дека ќе биде возбудливо, а по победната на Ристе Ристески во 2017 година, стискаме палци за уште една победа на некој од нашите Македонци!

To top