Општо познато е дека месец јануари е најдепресивниот во годината, но кој како, вака или онака наоѓа начин како да си помогне доколку го надвладеала таа таканаречена сезонска депресија.
Оваа тема поради своето како што вели летаргично, ако не и депсесивно расположение, ја поттикна ТВ водителката Елена Стефановска-Најдоски. Имено, таа на својот Инстаграм профил го набрка месец јануари кој и прави да се чувствува не така розово и сјајно, па напиша:
-Се моли јануари да си замине веќе! не знам за вас, ама мене периодов ми е таков летаргичен (да не речем депресивен), ништо не ми се прави…, напиша Елена.
Но, не и требаше многу време да си го најде лекот кој веројатно е проверена варијанта за неа го јануарските денови.
Го спакува ранецот и спортската гардероба, и правец во теретана каде успешно го „набилда“ своето расположение.
-Само добар тренинг може да ми го подобри расположението во јануари, пишува Елена така сигурна за својот јануарски лек против лошото за овие сиви и врнежливи денови.
View this post on Instagram
Инаку, психолозите за овие депресивни јануарски денови советуваат да направете нешто убаво за себе, угодете си, правете нешто што ве прави радосни, среќни, па така лесно ќе успеете да се ослободите од сивилото во својата глава.
фото:Инстаграм принтскрин/ Елена Стефановска-Најдоски