Популарната актерка Ким Катрал, позната како Саманта Џоунс од „Сексот и градот“, денес полни 62 години.
Ким по потекло е од Англија, а на една година со нејзиното семејство се преселила во Канада.
Во Лондон запишала Академија за музика и драмска уметност, а во Канда завршила средно образование.
Потоа, се преселила во Њујорк каде што се запишала на Академија за драмски уметности.
Ким зад себе има три брака. Две години беше во брак со Лари Дејвисон, седум години со Андреј Ласон.
За тој период, актерката живеала во Франкфрут и научила да зборува германски. Од 1998 до 2004 година беше во брак со Марко Левинсон.
Иако зад себе има многубројни успешни улоги, публиката ја памети по Саманта Џоунс во „Сексот и градот“.
Кога во јавноста се појави веста дека нејзиниот брат е пронајден мртов, се огласи и Сара Џесика Паркер која јавно и даде поддршка на Ким. Меѓутоа, актерката бурно реагираше истакнувајќи дека тие никогаш не биле пријателки и да ја остави на мира.
Ким Катрал денес полни 62 години, а изгледа бомбастично.