Уште од почетокот на актуелната сезона на популарното шоу „Пинк ѕвездички“, Тијана Дапчевиќ е член на жири комисијата која ја има најтешката задача- да оценува деца.
Тијана ужива во улогата на судија од црвената фотелја, но очигледно оваа позиција и стана удобна, па почна да се сели и во други шоуа од сличен карактер.
View this post on Instagram
Додуша, онаму каде што отиде веќе е чест гостин, па од деца, се префрли на оние за кои се уште не е доцна, но само како гостин.
Тијана му е една од омилените соработнички на Жика Јакшиќ кој уште еднаш ја покани да биде дел од жирито на неговото „Никад није касно“.
Моменти од снимањето на најновото издание се најдоа на нивните профили на Инстаграм, па ако мислевте дека е некое репризно издание кога гостувала Тијана, се лажете.
Бидејќи на учеството на Тијана во ова музичко шоу станавме се’ почести сведоци, ова може да послужи како идеја таа да биде во стандардна постава во следната сезона, сега веќе и како поискусен судија.
фото:Инстаграм принтскрин/Никад није касно/Тијана Дапчевиќ