Промотер

Од видеото за новата песна на Јоце Панов ќе ви се крене -„Температура“ (ВИДЕО)

Од видеото за новата песна на Јоце Панов ќе ви се крене -„Температура“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Јоце Панов по пауза од повеќе од една година има нова песна насловена „Температура“. Јоце кој со години  е присутен на домашната, а од пред неколку години и на регионалната естрада, се обидува да направи кариера и надвор од границите на Македонија, соработувајќи со познати српски и хрватски автори , како што е Миро Буљан на пример, познат како композиторот кој му ги правеше песните на Тоше на последните албуми и текстописецот Ненад Нинчевиќ.

Овој пат штипјанецот им ја врати довербата на македонските автори, па „Температура“  ја компонирале Блаже Темелков, кој го напишал и текстот за песната, а аранжманот го направил Дарко Тасев. Снимана и миксана е во студиото на Иле Спасев.  

Новата песна стигна во комплет со видео во реализација на Генерал филм“, снимено под режисерската палка на Дарио Јанковиќ.

Во него, покрај Јоце се појавува и македонската манекенка и модел, убавата и атрактивна Ангела Василевска. За стајлингот на Јоце и останатите протагонисти во видеопто се погрижил познатиот Дејан Миличевиќ.


„Во ова лудо време на вируси, Ви ја посветувам мојата нова песна „Температура“. Да Ви се качува температурата само од љубов“ – напишал Јоце во најавата за песната и видеоспотот кој можете да го проследите во продолжение:

To top