Радио Милева
две години без него

„Од тој ден не ја сакам недела“: Ќерката на покојниот Џеј со кнедла во грлото зборуваше за својот татко

„Од тој ден не ја сакам недела“: Ќерката на покојниот Џеј со кнедла во грлото зборуваше за својот татко

Пејачот Џеј Рамадановски почина на 6 декември 2020 година, а неговото семејство ќе ја одбележи втората годишнина од неговото заминување.

Како што знаете, Џеј почина во недела, а така се викаше една од неговите најубави песни. Неговата ќерка Марија не го сака овој ден токму поради тоа.

– Многу сум емотивна, оттогаш не ми се допаѓа недела. После тоа не објавив ниту една песна. Не сакам никаде да брзам, нека се смири малку сето тоа, малку ми беше тешко, го подготвувам репертоарот, напорно работам, вежбам, работам на себе – изјави Марија.

– Животот ми се смени целосно, имав друг ритам, нон-стоп се гледавме, на сите ни недостига, ни недостига. Мојот поглед на животот се смени, сфатив дека никогаш не знаеш што може да се случи и дека секоја минута и секој ден е скапоцен. Продолжив затоа што морам, но тешко е – заклучила таа.

фото:Инстаграм

Останати вести од Радио Милева