Поп-пејачката Александра Јанева, препознатлива по својот моќен вокал и фестивалските шлагерски рефрени, направи целосна трансформација за новата песна „Бам бам“, снимена во соработка со авторското дуо Марко Маринковиќ-Слаткаристика (музика и текст) и Иван Јованов (аранжман).
„Направивме фраерски проект“, искоментира пејачката на својот профил на Фејсбук за првата соработка со докажаните автори.
Ова е трет сингл за струмичанката во 2017, по пауза од шест месеци од преработката на „Зошто баш ти“ на Ноне. Очигледно добро ја искористила паузата за на публиката да ѝ покаже уште еден свој талент – танцувањето. Во урбаното видео таа е разиграна во друштво на Деа Антевска, Панче Димов и Бане Тодоровски од танцовите студија „Уан уеј“ (One Way) и „Брејк а лег“ (Break a leg).
Видеото за нејзиниот нов сингл „Бам бам“ имаше онлајн промоција на бугарско-германскиот канал „Фејсинг д сан“ (Facing the sun) на Јутјуб, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение: