Радио Милева нема срам од работа...

Од оператор, манекен и стилист, до господар на сцената: Глумеше фараон во спотот на Лепа Брена, а подоцна стана познат водител (ФОТО)

Од оператор, манекен и стилист, до господар на сцената: Глумеше фараон во спотот на Лепа Брена, а подоцна стана познат водител (ФОТО)

Српскиот водител, дизајнер и манекен уште на рана возраст влезе во светот на моделството.
Подоцна водеше многу емисии како „За милон години“, „Сиот тој Пинк“, „Здолништа и вратоврски“, „Со танц до соништата“. Како дизајнер лансираше неколку колекции за брендовите Martini Vesto и PWL.
Сепак најпрвин се испроба како модел во спотот „Ти си мојот грев“ во режија на Дејан Милиќевиќ.

Спотот се снимаше во холот на Народната банка на Србија, Лепа Брена ја глумеше Клеопатра, а познатиот водител Бошко Јаковљевиќ го глумеше фараонот.

Бошко еднаш зборуваше за своите почетоци пред неговата водителска и манекенска кариера.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bosko jakovljevic (@brobos1)


„Работев како оператор седум-осум години, а потоа почнав да се занимавам со манекенство. Бидејќи имав многу познанства, ми се јавија од една телевизија и ме замолија да ги рестилизирам нивните водители, поточно, да се погрижам за нивниот стајлинг пред камерите. Реков дека не би сакал да го правам тоа, туку самиот да бидам водител. Ми дадоа шанса и така почна се“ – раскажа Бошко.

Фото: Инстаграм принтскрин/brobos1

 

To top