Џенифер Лопез за првпат застана пред олтар во февруари 1997 година, а нејзиниот избраник беше Оџани Ноа. Да не беше разводот, поранешниот пар деновиве ќе ја прославеше 24-годишнината од бракот.
Оџани Ноа беше оженет со најпосакуваната жена на светот, а денес живее далеку од очите на јавноста. Ноа се венча со Џеј Ло пред 24 години, а на латино-дивата тоа беше прв брак. Кубанецот кој од келнер стигна до актерска кариера на социјалните мрежи често може да види како го протежира здравиот начин на живот.
Тој редовно открива каде е и што прави. Очигледно, неговиот живот се одвива добро, и тој веќе многу години не зборува за неговата поранешна сопруга.
Латино дивата Оџани ја запознал во Мајами, каде што работел во ресторанот на уште дна мега популарна латино пејачка, кубанката Глорија Естефан. Токму тоа ќе биде местото каде што ја шармирал Џеј Ло со која ќе започна врска. По неколку месеци заеднички живот, тие застанаа пред олтарот на 22 февруари 1997 година, но нивниот брак се распадна само една година подоцна.
„Никогаш не сум се венчала во црква. Се мажев три пати. Едниот брак траеше девет, а другиот 11 месеци, па не морам ни да ги бројам“ – изјави неодамна Џенифер Лопез.
По разводот, Оџани се обиде да направи кариера на големото платно, па се појави во неколку филмови и работеше како продуцент. Тој имал план да објави книга за неговиот брак со Лопез, но пејачката го тужела во 2006 година, спречувајќи го во неговата намера.
По Ноа, таа се омажи за танчерот Крис Џад во 2001 година, но парот се разведе една година подоцна.
Таа се сврши и со следниот љубовник, актерот Бен Афлек, во 2002 година, но тие никогаш не застанаа пред олтар. Во 2004 година Џеј Ло ќе се омажи за пејачот Марк Ентони, со кого доби близнаци, а нивниот брак траеше до 2012 година. Денес, таа е во среќна врска со Алекс Родригез, со кого планира да застане пред олтар веднаш штом мерките поради пандемијата на коронавирусот ќе се олабават.
Фото: Инстаграм принтскрин/ojaninoa1/jenifer.lopezfollowed