Радио Милева

Музиката не и го полни паричникот доволно: Tијана Дапчевиќ почна да се бави со земјоделство

Музиката не и го полни паричникот доволно: Tијана Дапчевиќ почна да се бави со земјоделство

Пејачката Тијана Дапчевиќ не е од оние имиња на естрадата кои може да се пофалт дека заработката од музиката го задоволува нејзиниот семеен буџет.

Неодамна и нејзината колешка Леонтина Вукомановиќ изјави дека мора да работи дополнително други дејности за да може да егзистира.

Во интервју за еден српски медиум, Тијана изненади многумина со изјавата за нејзината секундарна работа која и носи дополнителен финансиски прилив.

фото:тијана дапчевиќ/инстаграм

Имено таа признава дека не е посветена на музиката како претходно, иако и понатаму ги радува фановите со нови песни. Дапчевиќ зад себе има пет студиски албуми, хит синглови, успеси на фестивали, како и учество на Евровизија.

Од свирењето чело како што и самата признава, се откажала, барем кога е во прашање сериозна кариера, бидејќи за тоа е потребно целосно да се посвети на инструментот, за што сега „нема амбиција“.

-Сега се занимавам во меѓувреме се занимавам со земјоделство“, вели Тијана и откри дека има плантажа со ореви.

фото:тијана дапчевиќ/инстаграм

Инаку, покрај музиката и оревите, Тијана како што е добро познато се впушти и во актерските води и веќе три сезони има една од улогите во серијалот „Преспав“, ангажман кој придонесува за нејзината полуларност и секако дополнителната заработка.

Таа постојано е на релација Скопје-Белград, бидејќи периодов се снима четвртата сезона која треба да започне да се прикажува од месец декември.

Видео интервјуто погледнете го во продолжение од 8:51 мин.

To top