Радио Милева

Oд мал бил заводник: Ќе препознаете ли кој македонски пејач е на фотографијата?

Oд мал бил заводник: Ќе препознаете ли кој македонски пејач е на фотографијата?

Повеќето од јавните личности времето во изолација го поминуваат во своите домови гледајќи филмови, читајќи книги, пребарувајќи по старите албуми или пак држејќи онлајн концерти.

Многумина од нив досега извадија фотографии од архива и покажаа како изгледале кога биле деца, други пак покажаа како изгледале на нивните свадби, трети прифатија предизвик во готвење, па секој си најде занимација како да го поминува времето дома.

Македонскиот пејач Огнен Здравкоски исто така ги почитува мерките за заштита од корона, а времето го користи на најдобар можен начин.

Често знае да се вклучи во живо на социјалните мрежи, да запее и да се дружи со фановите.

 

Меѓутоа, Здравкоски деновиве исто така извади фотографија од архива и покажа како изгледал како дете.

„Од мал сум бил заводник“ напиша пејачот како дополнување на објавата.

фото: инстаграм

За потсетување, Огнен имавме прилика да го гледаме во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што под менторство на Шерифовиќ стигна до самото финале.

фото: фејсбук

Инаку, Здравкоски е а легендата на македонската фолклорна музика  Наско Џорлев, син на неговата ќерка, пејачката Софче и внук на вујко му, маестро Зоран Џорлев!

To top