Мегафон тажна вест

Од коронавирус почина Карлос Марин, пејачот на класичниот квартет „Ил Диво“

Од коронавирус почина Карлос Марин, пејачот на класичниот квартет „Ил Диво“

Карлос Марин, пејачот на популарниот класичен квартет „“Ил Диво, почина на 53-годишна возраст. Официјалните известувања за неговата смрт се дека починал како последица од коронавирусот.


„Со тага ве известуваме дека нашиот пријател и партнер Карлос Марин почина. Ќе им недостига на пријателите, семејството и обожавателите. Личност со таков глас и личност нема да се повтори“, соопштија од бендот на социјалните мрежи.

Британските медиуми јавуваат дека музичарот починал од коронавирус. Тој во последните денови бил во индуцирана кома во болница во Манчестер.

Квартетот „Ил Диво“ е основан од Сајмон Кауел во 2003 година. Групата досега продаде милиони албуми ширум светот.

To top