Радио Милева Казино средба

Од „Ѕвездите на Гранд“ до спој со Анастасија Ражнатовиќ – македонската кандидатка во друштво на ќерката на Цеца (фото)

Од „Ѕвездите на Гранд“ до спој со Анастасија Ражнатовиќ – македонската кандидатка во друштво на ќерката на Цеца (фото)

Како се наближува финалето на популарното регионално шузичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, така се повеќе се слуша и зборува за македонската кандидатка Андријана Петрушовска која е се ‘ поблиски до главната вечер за која е таму уште од почеток.

Дека одлично и оди и на последните снимања покажува тоа што таа повторно беше во Белград, каде случајно или не, се спои со ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија.

Нивна заедничка фотографија осамна на профилот на Андријана, а девете се заедно во казино. Андријана се пофали со овој момент, па јасно е дека учеството во ова популарно шоу ја носи и до познатите музички ѕвезди во Србија.

Дали играле на апарати или фрлиле коцка, не покажаа фото- момент, но штом беа таму, веројатно и се препуштиле на забавата и си ја пробале среќата.

Инаку покрај одличниот настап, Андријана секоја емисија во музичкото шоу внимание остава и со своите впечатливи стајлинзи, особено сега кога таа беше облечена како „cat woman“. Налик на ликот од филмовите за Бетмен – „човекот лилјак“, македонската „бет убавица“, покрај вокалот уште еднаш покажа, со каков телесен раскош располага.

Покрај тоа, Андријана веќе има договорени настапи низ Македонија кои ги најавува на Инстаграм, а работи и на нова песна и спот.

To top