Радио Милева

Од цифрата ќе ви се сврти во глава: Еве колку заработила Опра Винфри од интервјуто на Меган Маркл и Хари

Од цифрата ќе ви се сврти во глава: Еве колку заработила Опра Винфри од интервјуто на Меган Маркл и Хари
фото: профимедиа

Опра Винфри е една од најпознатите телевизиски водителки во светот, а многумина ја рангираат меѓу највлијателните жени во светот. На 67 години, таа може да се пофали со исклучително богата кариера, а покрај тоа што го снимаше своето сопствено шоу „Опра Винфри шоу“ 25 години, таа е и продуцент, актерка и писателка.

фото: профимедиа

Опра неодамна екслузивно направи интервју со Меган Маркл и Хари во кое зборуваа за односите во кралското семејство. Исто така, открија и неколку непознати детали односно на нивниот син Арчи му била одземена титулата поради бојата на кожата, дека очекуваат девојче и дека Кејт Мидлтон ја расплакала Меган да плаче ден пред нејзината венчавка со Хари.

фото: профимедиа

Најочекуваното интервју за оваа година емитувано пред еден месец на CBS одекна во цел свет,  а водителката на интервјуто, Опра Винфри заработи 7 милиони долари продавајќи ги радиодифузните права за таа сума на CBS.

Целото интервју во живо го следеле 17 милиони гледачи, според проценките на компанијата „Нилсен“.

 

Останати вести од Радио Милева