Од 1-ви до 3-ти јули, Битола ќе биде домаќин на четвртото издание на фестивалот „Џез фактори“ (Jazz Factory). Главната програма ќе се одвива во Народниот Тетатар, а дел од оф-програмата во кафе-барот „Порта џез”.
И оваа година фестивалот во Битола носи реномирани имиња на џез сцената, од регионот и светот. Фестивалот го отвора настапот на Васил Хаџиманов, Мартин Ѓаконовски, Александар Секуловски. Програмата продолжува наредниот ден со настапот на Пеџа Милутиновиќ и „Drumbooty“ квинтет, а на третиот ден настапуваат „Human touch“ и Филип Динев трио.
Како дел од годинешната програма хибридната конференција на која ќе зборуваат: Винко Михајловиќ – директор на џез фестивалот во Петровац, Драган Влајниќ – директор на џез фестивалот во Кикинда, Ема Попивода – пијанист и директор на фестивалот „Модоарс“, Бојан Стефковски – директор на „Jazz Fortnight“ фестивалот, Арлет Ховинга – џез прес промотер и медиумски директор на thatjazzgirl.me, Симон Петерман – музички директор и радио презентер , Роби Јамник – директор на фестивалот „Џез Равне“. Изложба ќе има и фотографката Татјана Ранташа, а во „Порта џез“ со свој диџеј сет ќе се претстави Јордан Николов.
Освен музичкото задоволство кое ги очекува битолчани, со овој фестивал под раководство на реномираниот професор и
музичар Сашо Поповски, годинава повторно ќе биде доделена наградата на најдобар млад музичар за 2020 година,
насловена по познатиот битолски музичар Гоце Димитровски, кој остави неизбришливи музички траги во текот на својот живот.