Илда Шаулиќ, наследничката на кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, изгради завидна кариера и се исполни и на приватен план.
Таа ужива во среќниот брак со сопругот Бојан Вучковиќ со кој има ќерка, но признава дека жали што нема повеќе деца.
– Има многу работи кои би сакала да ги постигнам и на професионален и на приватен план. Имав една желба, но сега велам во декември наполнив 45 години и имам мало девојче кое има седум години. Сакав да имам уште деца и тоа ми остана како неостварена желба – изјави таа.
Како што Илда пораснала во семејство каде покрај себе имала сестра и брат, вели дека тоа е најубавото нешто, но додава дека очигледно и било судено да има само едно дете.
– Знам колку е убаво да имаш сестра и брат, но фала му на Бога и за неа. Кога зборувам за мојот успех од таа страна, тогаш мислам дека би било убаво да се постигневме како родители уште неколку пати, но тоа е нешто што очигледно така треба да биде – заклучила пејачката.
Да потсетиме, Илда Шаулиќ неодамна проговори за нејзиниот татко Шабан и мајката Гоца и се присети на своето детство, а во таа прилика истакна дека во нивниот дом секогаш имало ред.
Фото: Принтскрин/Instgaram/ildasaulic