Радио Милева здрави навики

„Очекувам промена“ – Викториа Лоба откри колку килограми има (фото)

„Очекувам промена“ –  Викториа Лоба откри колку килограми има (фото)

Македонската пејачка со руско потекло Викториа Лоба, иако практикува здрав начин на исхрана и споделува резултати од напорните тренинзи, одлучи да примени и една диета која ќе и помогне да ја врати посакуваната тежина на нејзиното тело.

Пејачката рдовно се грижи за својот физички изглед, што се гледа по неа, а сега со обожавателите сподели фотографија од вагата и откри колку навистина таа тежи, но и дека планира уште да слабее.

Активниот живот за Лоба е секојдневие, но сега таа на нејзините фанови се пофали со килограмите од кои е презадоволна бидејќи ги остварила за многу краток период и тоа едноставно само со новата диета.

Таа одлучи да ги фотографира и да ги покаже само нејзините нозе за да може подобро да ја покаже бројката која ја достигнала.

„Видеото од утрово 56 килограми, со Липо исхраната , очекувам убава промена во следните две недели“ – напиша задоволно таа со цел да им помогне на сите оние кои се борат со вишокот клограми кои им го отежнуваат животот.

Убавата пејачка е вешта жена која често покажува дека си ги полни батериите преку готвењето правејќи му го меракот и на нејзиниот сопруг но, пред се најважни сме најпрво самите на себе си па, во следните четири  седмици Лоба енергија ќе полни преку Липо исхраната која вклучува протокол на исхрана на конкретни продукти кои ќе смее да ги консумира и дополнителни суплементи во вид на протеински напивки.

Фото: Принтскрин/Инстагра/Викториа Лоба

To top