Радио Милева

Очајна по раскинувањето: Марко се затвори во тоалетот со Јелена Пешиќ, а Луна го чекаше пред вратата (фото)

Очајна по раскинувањето: Марко се затвори во тоалетот со Јелена Пешиќ, а Луна го чекаше пред вратата (фото)

Луна Ѓогани не е неутешна по раскинувањето со Марко Миљковиќ, а синоќа по забавата се обиде да го привлече неговото внимание додека се заедно во реалното шоу „Задруга3“.

Кога се вратиле во „Белата куќа“ од казиното, Марко отишол во тоалет заедно со Јелена Пешиќ, со која се „плеткал“ пред Луна да влезе во шоуто. Сега тие се повторно блиски откако со Луна „пукна“ романсата.

Јелена,Марко и Зорица Марковиќ се затворија во тоалетот, каде пушеа, а Луна набрзо им дојде пред вратата.

Не можеше да им се придружи, па затоа разговараше со Матеј Матијевиќ, на кого се пожали дека Марко за време на забавата флертувал со други девојки.

фото:принтскрин/јутјуб/задруга/тв пинк

Марко Миљковиќ се преправаше дека не забележува што се случува, ја игнорираше Луна и продолжи да зборува со Јелена.

Реалното шоу „Задруга“, токму поради Луна и нејзините родители, како и нејзината љубовна врска се претвори во една серија во која тие се главните актери. Во српските медиуми се пишуваше дека тие се платени дебело за вакви необични сценарија кои постојано се случуваат.

To top