Во текот на судската постапка на Меган Маркл со британскиот таблоид Mail on Sunday, војвотката од Сасекс ги покажа пораките кои ги праќала на нејзиниот татко пред веначавката со Хари.
Војвотката тврди дека делови од пораките се селективно објавени со цел таа да се претстави во негативно светло. Спорниот текст е објавен во пресрет на 18 мај 2018 година.
Томас требаше да ја води Меган до олтарот, но откако во медиумите се појавија фотографии од подготовки на свадбата кои наводно Томас ги продал на папарците, таткото на Меган истакна дека не доаѓа на свадбата, но како причина за неговото непојавување беше неговата здравствена состојба.
Преписките покажуваат дека Меган и Хари се обидувале да го спречат Томас Маркл да разговара со новинарите.
„Не мора да се извинувате. Ги разбирам околностите, но појавувањето во јавност само уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата“ напишал Хари.
„Ако ја сакате Меган и сакате да ја поправите ситуацијата, ве молам да ми се јавите, постојат други две опции кои не го вклучуваат вашето појавување во медиумите. Ве молам да ми се јавите, да ви објасним. Мег и јас не сме лути, само сакаме да разговараме со вас. Благодарам“ гласи една од пораките.
„Со секој разговор со медиумите ќе ве заболи глава, верувајте ми. Само ние можеме да ви помогнеме“ додава Хари.
Во својата тужба Меган и Хари наведуваат дека таблоидот пишувал за сериозни пропусти, а не напишале дека тие само сакат да го заштитат Томас.
Маркл не им одговорил на пораките, но се огласи од болница и за медиумите истакна дека доживеал срцев удар. За оваа вест Меган дознала од медиумите.
„Се обидувам да те добијам цел викенд, но ти не се јавуваш и не одговараш на пораките“ напишала Меган на својот татко и додава дека е загрижена за неговото здравје.
Неколку минути подоцна Меган повторно му напишала порака.
„Хари и јас одлучиме повторно да ти го пратиме тимот кој ќе те штити. Те молиме да се јавиш, се ова е загрижувачко, но твоето здравје е на прво место“ напишала Меган.
Томас им вратил на пораките тврдејќи дека се чувствува добро и дека нему треба осигурување.
Еден ден подоцна, Томас заврши на операција, па им испратил порака на Меган и Хари дека нема да дојде на свадбата бидејќи докторите не му препорачуваат да лета. На крајот додава дека ги сака.
„Те сакат М и Х“ гласел одговорот, а се пораките и откриваат дека Хари му напишал дека многу ја повредил Меган.
„Не направив ништо што ја повреди Меган или било кој друг. Жал ми е ако мојот срцев удар ти создава непријатности“ одговорил Томас.
Меѓутоа, Меган и Хари се сомневале дека тие пораки ги пратил таткото на Меган.
„Томас, Хари е, ве молам јавите ми се да ми кажете длаи вие ги праќавте тие пораки кои не личат на вас“ напишал Хари, но останал без одговор.