Семејството на Новак Ѓоковиќ пред повеќе од една година започна да работи на голема куќа на Павловачко Езеро, а како што се гледа од новите фотографии, вселувањето се приближува.
Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ дошол на оваа идеја, па тој ја гради семејната вила во која Новак ќе може да ужива со семејството, браќата и родителите кога ќе има прилика. Новата вила треба да има и пропратни објекти, а не е исклучено дека еден ден тука ќе биде изграден и ресторан и базен.
Вилата е на два спрата и се наоѓа на самата обала на вештачкото езеро, популарно кај риболовците. Куќата е прилично изолирана, а од околу нема други објекти.