Пејачката Наташа Беквалац објави порака на Инстаграм, која изненади многумина, а на неа реагираше и нејзината колешка Јелена Карлеуша.
Имено, Наташа се осврна на мажите кои ја повредиле во минатото, па меѓудругото напиша:
„Ми се расчистува и моето минато. Некои мажи кои многу ме повредија се јавија и ми рекоа извини … Или напишаа. Претпоставувам дека сетоо тоа ми требаше за да бидам слободна, своја… И инспирирана“- напиша Наташа, а потоа на нејзиниот пост реагираше Карлеуша:
„Мене сите ме повредија, а никој не рече извини. Инспирација пронајдов во шопингот, тука сум своја… И инспирирана“ – се надоврза Јелена со овој свој хумористичен коментар.
Инаку, Јелена и Наташа се добри пријателки со години, а Беквалац е една од ретките колешки која беше поканета да го прослави роденденот на Карлеуша во 2020 година.