Тоа што ми го направи таа на мене, јас не би го направила ни на непријател –рече Дара Бубамара.
На Дара Бубамара не и е воопшто драго тоа што нејзината колешка Сека Алексиќ закажала концерт во Штарк Арена седум дена пред нејзиниот.
Пеачката од Нови Сад вели дека неа таа информација и тoa како ја погодила.
– Тоа што ми го направи таа на мене, јас не би го направила ни на непријател. Не само што не е колегијално ,туку не е ни човечки, таквите луѓе ги викаме олоши. Кога ми го потврди тоа, останав без текст и само и реков: “Среќно.” Но, тоа не е најлошата работа што ми ја има направено – рече Дара и продолжи:
-Малку и беше што закажала концерт седум дена пред мојот, туку и го искористи тоа што лежев болна во кревет и започнала медиумска кампања против мене. Да се разбереме, Мадона да имаше закажано концерт недела дена пред мојот не би ме погодило толку колку што ме погоди ова,затоа што ја гледав како пријателка- вели Дара Бубамара.
Да се потсетиме, концертот на Сека е на 14 април, додека на Дара е на 21 април во Штарк арена.