Хрватската пејачка повторно се огласи на социјалните мрежи и сподели се што и паѓа на памет.
– Интересно е што обвинителниот акт против мене е поднесен во рекордно време. Во оваа постапка, нормално, се е тајно. Овде сме многу долго… Пред пет години на конференцијата зборував за луѓето вклучени во сето ова, тогаш не ми се веруваше. Постапката обично трае шест месеци, во мојот случај трае 20 месеци! Државата ме обвини, не сум добра затоа што зборувам во медиумите! Сепак, јас верувам во правдата – вели Северина во видеото кое го објави на социјалните мрежи, додавајќи:
– Уште еден поход на судот, овој пат Општинскиот кривичен суд во Загреб. Второто рочиште, во обвинителниот акт поднесен за само 9 месеци, каде се товарам за „нападно однесување“, што е кривично дело. Во исто време, јас водам старателство за дете 11 години и тука нема ажурност и ефикасност. Јас очигледно не ја најдов својата „Радост“ да ги решава моите проблеми, а велат дека сум „Убава“. Толку сум „убава и моќна“ што се влечкам по судови цели 11 години. И на системот не му е грижа. Нашето дете не е единственото – ова е проблем на целиот систем. П. С. Да продавате деца? Е, нема!
Да потсетиме, Врховниот суд во Хрватска донесе одлука Северина и Милан Поповиќ повеќе да нема да го делат старателството, туку старателството му е доделено на кралот на бакарот.
фото: printskrin/instagram/severina