Катарина Каја Остојиќ се обидува на сите начини да го скрие својот емотивен живот од очите на јавноста и да ја скрие својата врска со фудбалерот на Анже, Матео Павловиќ. Причината е неговата вереница, со која се дозна дека тој бил во врска последните седум години.
Пејачката, која се запозна со хрватскиот фудбалер преку социјалните мрежи е на мака, затоа што јавноста неа ја посочува дека е главната причина за распаѓањето на врската на славниот спортист.
“Матео е лудо заљубен во Каја и прави се’ само за да биде со неа. Врската со пејачката му годи. Тие сакаа да ја чуваат врската во тајност, но тој на Инстаграм објави фотографија од него и пејачката како уживаат во вилата каде тој беше стациониран додека беше во Франција.
Неговата свршеници дознаа откако пријателите и испраќале фотографии симнати од социјалните мрежи. Кога таа се’ си поврзала, настанал вистински хаос. Не сум сигурен дали ја продолжиле врската или ја раскинале веридбата? Матео малку зборува за неговиот приватен живот, а Каја одлучи да не зборува повеќе за своите партнери“ – вели извор близок на пејачката.
Тој додава дека, откако и самата Каја во рок од неколку дена објавила фотографии од истото место, Матео ја избришал фотографијата која покажува дека е на истото место како и Каја.
„Тој погрешен потег го чинеше Матеа. На Каја не и е грижа затоа што таа се разведе од Џуниор Џек пред да започне да комунициира со фудбалерот. Тие ја започнаа својата комуникација лакувајќи ги нејзините фотографии и малку по малку стануваа се поблиски.
Неговата свршеница сфатила дека нешто не е во ред со нив, но дури откако ја слушнала веста која како бомба одекнала во медиумите дека нејзиното момче е во паралелна врска, сфатила зошто има проблем со него“ – тврди соговорникот.