Радио Милева
Чудни релации

Новото момче на Цеца имало болен развод, а сега со бившата сопруга Зорана и нејзиното момче – пејачот Саша Ковачевиќ се семејни пријатели! (ФОТО)

Новото момче на Цеца имало болен развод, а сега со бившата сопруга Зорана и нејзиното момче – пејачот Саша Ковачевиќ се семејни пријатели! (ФОТО)

Богдан Срејовиќ (38), новото момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ (47), имал бурен љубовен живот пред неговата врска со фолк ѕвездата.

Сепак, иако важи за заводник, тој тешко успеал да го поднесе развод од поранешната сопруга,  Зорана Тасовац, која по разводот веќе четири години е во стабилна врска со пејачот Саша Ковачевиќ.

Иако нивната брачна заедница траела само неколку месеци, но нејзиниот колапс оставил сериозни емотивни последици врз Богдан, велат неговите пријатели во родниот Крагуевац. Според соговорникот,  тој по разводот од мисицата не можел да се опорави цели три години. Иако влегле  во брак од голема љубов, наскоро сфатиле дека не се еден за друг. Честите кавги и секојдневните расправии ги навеле да стават крај на нивниот брак. Двајцата тргнале по одделни патишта, а единственото нешто што ги обединува е безусловната љубов и грижа што ја имаат кон нивната ќеркичка.

„И Богдан и Зорана се посветени родители, но животот го продолжија со различни партнери. Богдан имаше врски и пред Цеца, додека Зорана среќата ја пронајде крај Саша Ковачевиќ со кого ќе се мажи годинава доколку епидемиолошката состојба биде поволна“  вели близок извор до двојката. Зорана и Богдан ги подобрија односите и сега се согласуваат одлично, се дружат, излегуваат заедно во ресторани во главниот град со нејзиното момче, а за тоа сведочи и фотографијата што Срејовиќ ја објави на Инстаграм, на која сите се заедно во ресторанот на Саша. Нему не му сметашло дури ни тоа што неговата поранешна сопруга седи покрај него во скутот на нејзиното сегашно момче, а тој покрај фотографијата дури и напишал: „Една семејна!“

Од друга страна, нивните заеднички пријатели сведочат дека и Богдан ја пронашол својата среќа во близината со Цеца, но и фактот дека се нон-стоп заедно. Велат дека одлично се согласуваат и дека новата љубов на Цеца и донесе нов елан.

Останати вести од Радио Милева