Домот на Вики Миљковиќ е претворен во прекрасна новогодишна бајка. Пејачката се потруди да подготви повеќе од совршен амбиент за своето семејство да ужива и да се релаксира за време на празничниот период.
Бидејќи професионалните обврски, како и настапите, се стопирани поради пандемијата на коронавирусот, Вики го поминува поголемиот дел од денот дома со сопругот и синот Андреј.
Пред точно една година, пејачката се пресели во својот прекрасен стан во најлуксузната населба во Белград. Оваа година Вики реши да им покаже на сите следбеници дел од новогодишниот амбиент за кој е главна и одговорна.
View this post on Instagram
Освен украсената елка, како и сјајните украси и Дедо Мраз, огромно внимание привлекува и совршениот поглед од имотот на Вики.
View this post on Instagram
Погледот кон најубавиот дел на Белград, кој е украсен и со новогодишно осветлување, го прави целиот дом на популарната пејачка да испушта празнична магија.