Стефан Филиповски од братското дуо „Некст тајм“ неодамна беше во Белград, љубовната станица каде најчесто се среќаваат со својата сакана Тинеа.
Тој неодамна за Вистина.мк откри дека повеќе од една година е во љубовна врска со Тинеа, а љубовта на далечина за нив не претставувала никаква пречка, бидејќи ако ја има во срцето, тогаш таа е многу блиску без оглед на километрите – гласи девизата на Стефан.
View this post on Instagram
Овој пат, средбата им беше зачинета со тоа што беа на веселба каде се славеше љубовта, осносно беа гости на свадбена прослава во Белград од каде пејачот испрати поздрав до фановите и пријателите на Инстаграм.
Меѓу неколкуте фотографи на „стори“ тој го покажа и се пофали со своето оригинално палто кое го носеше, а исто е со дизајнерски потпис, но и оригинална етикета од внатрешноста.
Ако некогаш се делеа автограми, сега познатите добиваат пофалби и тоа на несекојдневен начин, баш како онаа со која се пофали пејачот.
Дизајнерот на кого веројатно Стефан му е редовен клиент, па веројатно и еден од омилените, во внатрешноста од палтото му оставил уникатна порака:
-„Од Сидор за Стефан „Некст тајм“, најсилниот вокал било кога“ – пишува дизајнерот.
Веруваме дека Стефан со задоволство го носи ова парче гардероба, па почувствува потреба да покаже обострана почит кон дизајнерот.
Добро скоено, однадвор, а и одвнатре, парче кое сигурно заслужува посебно место во плакарот.
фото:Инстаграм/Стефан Филиповски