Радио Милева фановите контра модните критичарите

Новиот стајлинг на Хајди Клум – тотално шик или тотална модна катастрофа?

Новиот стајлинг на Хајди Клум – тотално шик или тотална модна катастрофа?

Нејзините фанови се воодушевени, но не и модните критичари…

Германската манекенка Хајди Клум се врати на црвениот тепих по повод снимањето на шоуто „America’s Got Talent“ и тоа во модна комбинација за паметење!

Но, дали истата ќе се памети по добро или по лошо, оставаме на вас да процените сами. Нејзиниот стајлинг ги воодушеви фановите на познатото шоу кои се согласни дека тој е весел, авангарден и дека совршено ѝ прилега.

Клум пронашла начин како во една модна комбинација да ги опфати речиси сите дезени, а резултатот, и покрај очекувањата, бил одличен, барем ако прашате еден дел од јавноста.

За креацијата зад која стои славниот бренд „Dolce & Gabbana“, модните критичари велат дека изгледа како „џунгла“ во која не се знае што каде започнува, а каде завршува.

Во согласност со водечките трендови кои за новата сезона најавија враќање на триделните стајлинзи, Хајди облекла панталони со висок струк, краток топ кој го нагласил нејзиното деколте и лелеава кошула со сличен дезен.

Стајлингот го заокружила со впечатливи обетки, висока пунџа и едноставни црни сандали.

Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната манекенка?

To top