Радио Милева ноќта кога ѓоле го “преплива“ дунав...

Нови Сад се прости од Балашевиќ: Се’ наликуваше на концерт на кој само него го немаше… но, само физички! (ВИДЕО)

Нови Сад се прости од Балашевиќ: Се’ наликуваше на концерт на кој само него го немаше… но, само физички! (ВИДЕО)

Нови Сад вчеравечер се прости од кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ кој почина на 19 февруари на 67 годишна возраст.

На панонскиот морнар му оддадоа почит со церемонија наречена „Ноќта кога Ѓоле го преплива Дунав“. На церемонија присуствуваа огромен број граѓани, се слушаа неговите песни, а кон небото беа пуштени и хартиени лампиони.

Неколку чамци кои запловија по Дунав носеа бакли, а на тврдината беше проектирана слика на Балашевиќ со неговиот потпис.

После секоја негова пуштена песна, луѓето аплаудираа. Се наликувало на проштален концерт на Балашевиќ, на кој само него го немаше… но само физички!

 

 

To top