Српските медиуми тврдат дека Огнен Врањеш ја посетувал Јелена Карлеуша во домот на Дедиње кога пејачката имала здравствени проблеми.
Атина и Ника биле убедени дека тоа е доктор кој дошол да ја прегледа нивната мајка.
Српските медиуми тврдат дека Јеца истакнувала дека Огнен е доктор.
„Јелена и Огнен често се гледаа во нивната вила на Дедиње. Врањеш кај неа често доаѓаше во 2017 година кога таа имаше здравствени проблеми.Кога случајно ќе се сретнeше со нивните ќерки, таа има кажуваше дека е доктор“ вели извор близок на пејачката.
Карлеуша морала љубовникот да го донесе дома бидејќи така немало да се открие нивната афера.
„Со оглед на тоа дека се јавни личности, Јелена и Огнен не можеа да се гледат по белградските хотели бидејќи некој можеше да ги открие. Затоа мораше да го води дома, а крајот каде што живее Јелена е мирен и нема многу луѓе“ вели изворот.
Соговорникот тврди дека Карлеуша инсистирала Огнен да доаѓа кај него дома бидејќи и бил емотивно потребен. Во тој период имала хирушка интервенција.
„Карлеуша во тој период беше на операција на тумор на матката. Тоа беше многу тежок период за неа и многу и значеше поддршката на Огнен. Доаѓаше кај неа кога беше сама дома. Меѓутоа, некогаш ќе се случеше Врашњеш да се сретне со Атина или Ника, па тие веруваа дека тоа е докторот на мајка им. Кога ќе го сретнаа таа им велеше: „Ова е чичко Огнен, дојде да ја прегледа мама“.
Инаку, деновиве медиумите пишуваа дека Карлеуша се разведува, но Душко ги демантираше овие написи објавувајќи заедничка фотографија.