Радио Милева раскош наместо развод

Нови детали од аферата: Врањеш полудел што Карлеуша избрала пари наместо љубов!

Нови детали од аферата: Врањеш полудел што Карлеуша избрала пари наместо љубов!

Додека прељубничката секс афера на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш откако ја достигна својата кулминација, полека почнува да ја добива и својата разврска, српските медиуми повикувајќи се на анонимни извори излегоа со нови детали за „тајната врска“ на фолк пејачката и фудбалерот на Андерлехт.

„Нивниот контакт започна кога Јелена на Огњен му се јави на Инстаграм. Таа одговори на некои од неговите објави на неговите приказни и напиша саркастичен коментар. Тој не можеше да поверува што се случува, па морал да проверува сто пати  дали некој не го и пробил нејзиниот профил и дали е навистина таа. И пред тоа му се додворувале разни пејачки, но Јелена, како и за повеќето играчи, претставувала нешто ненедостижно, за што само можело да се сонува. Малку е да се каже дека беше воодушевен“ – навел изворот, додавајќи дека станува збор за време пред нивната преписка да прерасне во нешто повеќе.

„Нивната кореспонденција траела два и пол месеци и бидејќи и двајцата еден на друг  биле „забрането овошје“ на некој начин, нивниот однос се развивал многу побрзо отколку што било планирано. Од самиот почеток, меѓу нив имало невообичаена привлечност и само прашање на време било кога таа ќе ескалира. На Јелена и тоа како и годело вниманието, а Врањеш се обидел да и стави до знаење во секое време, дека за него таа е најубавата и најпривлечната жена и ќе направи се’  за да ја освои“ – вели изворот, и открива дека нивната прва средба се случила во Белград.

„Едвај чекаа да се видат еден со друг. Јелена стравуваше многу повеќе од Огњен и беше доста претпазлива, но откако Душко отиде на подготовки, Врањеш дојде во Белград и тој ден е за двајцата беше од суштинско значење за да ги продолжат своите посети во текот на следните две години“ – раскажува изворот и  наведува дека по помалку од половина година „тајните љубовници“ се согласија дека треба да се разведат од своите брачни другари.

„Откако го скршија мразот, тие повеќе не можеа да се воздржат. Се гледаа насекаде, од Белград до градот каде што тој играше, или по нејзините настапи… Не се разделуваа. Се гледаа кога и каде и да можат. Оваа забранета приказна како да ги тераша да одат уште повеќе и повеќе и… никој не можеше да ги запре. По една година се засакаа и Огњен веруваше дека Јелена порано или подоцна ќе се стави крај на бракот со Душко, а тој на неговата сопруга Даниела и рекол дека сака да се разведе од неа и и’ признал сè.

„Душко за оваа врска дозна нешто подоцна, по повеќе од една година, но како да не му пречеше, бидејќи имаше и тој свои љубовници, па очекуваше Јелена да го направи првиот чекор. Во овој период, Душко потпиша еден милионски договор (14 милиони  евра за клубот за кој сега игра во Кина) и Карлеуша целосно се промени. Одеднаш разводот беше невозможна работа, а таа дури и не сакаше да зборува за тоа. Со месеци го одлагаше, а Огњен полека сфати дека од нејзиниот развод нема ништо. Огњен тоа го дотепа, полуде што Карлеуша избра пари наместо љубов и одлучи да стави точка на сè“ – вели изворот.

To top