Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го искористи слободното време што ненадејно го доби во САД, откако турнирот во Индијан Велс беше откажан поради ескалацијата на корона вирусот. Ноле реши да замине да го гледа НБА дербито во Лос Анџелес, натпреварот помеѓу Лејкерси и Клиперси.
Во градското дерби на овие два клуба, победата ја однесе екипата на Лејкерс, но она што е сигурно е дека Ноле не само што уживаше во врвната кошарка, туку и во убавото друштво. Ѓоковиќ беше на натпреварот заедно со една Србинка, која е позната во НБА-лигата како сопруга на кошаркарот Пол Џорџ, анејзиното име е Данијела Рајиќ.
Поубавата половина на НБА ѕвездата на Клиперси беше заедно со Новак и уште неколку другарки кога се фотографираа со него. Даниела Рајиќ е позната и во Америка по епитетот српската Кардашијан.
Таа исто така беше го-го танчарка, пред да му го сврти вниманието на кошаркарот. Тие влегоа во љубовна романса која подоцна ќе заврши со брак.