Радио Милева

Новогодишна атмосфера владее и во домот на Сани: Македонската фолкерка ја покажа елката (фото)

Новогодишна атмосфера владее и во домот на Сани: Македонската фолкерка ја покажа елката (фото)

До официјалното обележување на Нова година останува уште повеќе од еден месец, а новогодишната еуфорија веќе се чувствува.

Главниот град веќе е украсен, а во големите маркети веќе може да најдете многу новогодишни украси кои може да ги искористите за вашиот дом.

Новогодишна еуфорија владее и во домот на македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска.Имено, пред повеќе од еден месец и Сани ја накити својата елка и полека се подготвува за новогидшните празници.

Како изгледа новогодишиниот амбинет кај Гроздановска, таа покажа на „Фејсбук“ каде објави видео од нејзиниом дом, односно прво се гледа полицата на која има неколку семејни фотографии  и новогодишни украси.

Меѓутоа, пејачката ја покажа и елката на која преовладуваат разни новогодишни украси, лампиони и сијалички во разни бои.

Дека започнала новогодишна еуфорија во домот на Сани е факт, а дали пејачката веќе има замислено некои желби кои ќе си ги замисли на 31 декември останува да видиме.

To top