Џенифер Лопез и Бен Афлек по две децении откако ја раскинаа свршувачката, на почетокот на април ја обновија својата врска, а сега се шпекулира дека наводно Бен Афлек повторно сака да ја запроси Џенифер.
Извор близок на парот тврди дека Бен планира да ја побара за сопруга Лопез следниот месец, на нејзиниот роденден.
„Бен сака да пружи уште една прилика на нивната љубов и планира романтично запросување на нејзиниот 52 роденден, на 24 јули“ вели извор за еден американски магазин.
Потсетуваме, Бен ја запроси пејачката во 2002 година по 2 месеци врска. Како причина за нивното раскинување наведоа дека е претераното внимание од медиумите.
Инаку, пред да се смири Афлек, Лопез ја раскина својата свршувачка со Алек Родригез.