Да се чувствуваш убаво во сопствената кожа, значи тоа да биде така со или без облека на себе.
Ако некој во момометов има високо ниво од самодоверба и убаво чувство во себе кога е физичкиот изглед во прашање, тоа сигурно е поранешната ТВ водителка Миа Костова.
Откако ги зголеми градите таа имиџот го сведе на истакнување на предниот новитет кај себе, а ова лето посебно го наполни својот профил на Инстаграм со жешки секси фотографии.
Неодамна Миа направи фотосесија во која позира топлес, но сепак во дискретна варијанта прекривајќи ги градите со дланките.
За дополнително да ја заскокотка јавноста, фотографиите ги објавува во серија, а овој пат понуди нови жестоки кадри кои секако наидоа на позитивни реакции кај нејзините следбеници.