Дара Бубамара и Сека Алексиќ некогаш беа најдобри другарки, а од претходната година не разговараат. Причина за прекинување на нивното пријателство е тоа што откако Дара закажа концерт во „Штарк Арена“, Сека исто така закажа концерт неколку дена пред концертот на Дара.
Бубамара вели дека Господ ќе ја казни Сека поради сето зло кое и го нанела.
Една година подоцна, двете пејачки настапуваа една по друга во отварањето на еден клуб.
Дара истакна дека на бремените жени не им е место во задимените клубови и кафани, и дека нејзиниот сопруг Вељко мора финансиски да ја обебезди сопругата за да не настапува.
„Бремените жени не треба да пејат. На Сека не и место во кафаната. Настапите почнуваат во 2 часот наутро, премногу е задимено. Се тоа може да влијае на бебето. Додека го носев Коста, поранешниот сопруг Милан Кесиќ ми велеше: „Нема пеење“, вели Дара и додава:
„Мажот треба да се грижи за жената и финансиите. Имам прекрасно момче затоа што една година паузирав. Не поминував низ стрес. Не разбирам како Сека не може да одели една година? Зарем толку е во финасиска криза“ вели пејачката.
На прашањето, дали по кавгата се сретнала со Сека, Дара вели:
„Еднаш на аеродром. Кога еднаш ќе прецртам некој, тоа е за сите времиња. Никогаш нема да се смириме. Ме издаде како пријател и удри на мојата кариера. Тоа беше со лоша намера, но има Господ, се ќе и врати“ вели фолкерката.
„Не сум суетна. Секој кој пее на истите места каде што пеам и јас е мој колега. Луна ја запознав додека беше девојче. Таа е добра душа, но многу страдаше. Ја советував да оди напред и да сними песни бидејќи е талентирана. Ма, веќе е успешна. Сега ќе видиме дали ќе опстане.Во текот на кариерата, многумина исчезнаа од сцената, а јас се уште сум тука“ вели Дара.