Радио Милева

Нова драма во животот на Тања Савиќ: Пејачката не може да го трпи сопругот, па се разведува?

Нова драма во животот на Тања Савиќ: Пејачката не може да го трпи сопругот, па се разведува?

Пејачката Тања Савиќ е повеќегодишен брак со Душан со кој има два сина.

Иако таа се труди својот брак во јавност да го претстави во најдобро можно светло, во медиумите често се појавуваат разни гласини за брачниот живот на пејачката.

Така, пред некој ден се појавија гласини дека наводно Савиќ го пријавила сопругот во полиција поради семејно насилство, а таа ги негира овие пишувања.

фото: Принтскрин

Српските медиуми повторно пишуваат за приватниот живот на пејачката, а извор близок за ало.рс тврди дека Тања не може повеќе да го поднесува сопругот и дека се разведува.

Наводно, Тања веќе долго време планира да го остави сопругот бидејќи се вратил на старите пороци.

„Душан е нервозен поради забраната за движење, а се теши со алкохол. Тања се обиде на сите начини да разговара со него, но тоа беше невозможно бидејќи нејзиниот сопруг со денови е пијан и прави проблеми“ открива изворот и додава дека Тања одлучила да се исели и да се разведе.

фото: рајко ристиќ/ало..рстања

„Планираше се да биде дискретно, но Душан дозна дека сопругата сака да го остави. Тој кога дозна и порача дека не смее да направи такво нешто бидејќи нема да одговара за своите постапки. Тања се плаши за својот живот и животот на децата, па го пријави во полиција за малтретирање“ тврди изворот.

Савиќ не била достапна да ги коментира пишувањата.

To top