Радио Милева

Нова драма во животот на Анџелина Џоли: Синот Медокс сака да ја напушти!

Нова драма во животот на Анџелина Џоли: Синот Медокс сака да ја напушти!

Бракот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли се уште не е формално завршен, бидејќи двојката се уште не се договори околу старателството над децата, кои во овој момент ги има Анџелина.

Таа поднесе барање за развод веднаш по наводниот инцидент во авион кога според нејзината верзија, Бред во алкохолицирана состојба сакал да го удри нивниот син Медокс.

Тоа беше иницијална каписла за да објават сите светски таблоиди, каде Бред беше претставен како нестабилен и зависен од алкохол.

GULIVER/GETTY/SPLASH…

Најновата вест дека Медокс не сака повеќе да живее со мајка си и дека по секоја цена сака да биде со татка си, ги изненади сите.

Бред наводно на Медокс му објаснил дека тоа сега е невозможно, бидејќи Анџелина е нивниот старател и дека бракоразводната парница не е завршена, велат извори за „Е“.

To top